Даночната управа во Србија ги блокира сите сметки на „Адрија медиа груп“ на чие чело стои човекот со кариера во затајување данок, медиумскиот мафијаш и рекетар Александар Родиќ.
Со оваа одлука надлежните државни органи без сомневање докажуваат дека законот во Србија важи за сите, па така и за Родиќ, пишува Информер.рс
Претходно Информер.рс пишуваше за 24 фирми кои се дел во негова сопственост, дел на неговото семејство и пријатели кои должат вкупно 118 милиони евра. Токму обидот да избегне да го плати големиот даночен долг, беше и поводот Родиќ да покрене бесрамна кампања против владата на Србија и Алаксандар Вучиќ, стои во текстот на Информер.
Според Информер „Курир – инфо“ должи 132.000.000 за неплатен данок, тој долг е направен во период од 2013 до 2015 година. Покрај ова Родиќ должи 107.000.000 динари за неплатен данок во период од 2010 до 2015 година. Даночниот шдолг на рекетарот е уште поголем ако се додадат и 73.716.062 динари колку што чини пресметаната камата до јуни 2017 година. Уште 10 милиони динари Родиќ должи за израчунати камати до денес. А затаил и 120.000.000 динари во три фирми ќерки за кои истрагата е во тек, пишува Информер.рс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст