„Лесно можевме да бидеме Зоран Заев за соседите и да ги прифатиме сите штетни сценарија, па јас ќе бев реформатор. Кои се реформите на Заев? Да ги направи сите штетни отстапки што ги бараат Грција и Бугарија, или Тиранската платформа“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за ТВ НОВА говорејќи за надворешната политика на актуелната Влада.
„Јас бев избран од народот и сакав да ги штитам интересите на граѓаните. Тоа е моето разбирање за политиката. Не може да се прави компромис за државните интереси на Македонија, се со цел некој амбасадор да ме потчукне по рамо. Компромиси во дипломатија има секогаш, но треба да се знае границата. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи остварување на странски сценарија во Македонија“, заклучи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст