Не ние прв пат да сме опозиција, знаеме како да се вратиме повторно на власт. Сега состојбата е подобра. Уживаме доверба кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е во предност, победивме на изборите и состојбата е добра што не значи дека не треба да работиме. Довербата се заслужува со труд и резултати. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговори на прашањето како е да се биде во опозиција и кои се плановите за во иднина.
„Наше е да помогнеме, онаму каде треба да се помогне. Активни сме на терен, посетуваме 1000 села, градови, се подготвуваме за локалните избори, работиме на формирање нови комисии кои што треба да бидат ударната тупаница на ВМРО-ДПМНЕ, треба да бидат пандан на државните институции, имаме 25 комисии. Во процес сме на формирање на нов извршен комитет“, рече Груевски.
Додаде дека ВМРО е партија што е жива и во која ситуација и да биде поставена ќе работи за доброто на народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


