| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски: СДС да продолжи со реализација на големите инфраструктурни проекти

СДС да почне да работи, да го реализира ветеното и да не измислува разни изговори. СДС наместо да се однесува како опозиција да се фати за работа во реализација на ветеното, граѓаните очекуваат од СДС нови 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.000 километри локални патишта, а не политизирање кое не им носи реален бенефит, ниту на граѓаните, ниту на државата, истакна Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-Еден месец откако СДС е на власт, а граѓаните од нив гледаат само уривање, блокирање и уништување, граѓаните очекуваат од СДС да престанат да си игра со големите инфраструктурни проекти од значење за државата и да продолжи со нивна реализација. Пред недела дена СДС ја проблематизираше изградбата на автопатот Кичево-Охрид, за сега да наоѓаат изговори и во изградба на експресниот пат Прилеп-Градско. ВМРО-ДПМНЕ потенцира да се фатат за работа и да го изградат автопатот кон Охрид и експресниот пат Прилеп-Градско, единствен проблем со кој се соочува изградбата на инфраструктурни проекти е неспособноста на СДС. Големите инфраструктурни проекти, се проекти кај кои секаде во светот се јавуваат одредени пречки во текот на градбата, но напоменуваме дека решенијата за истите се решаваат со работа и не се предизвици заради кои треба да запре изградбата, потенцираше Мисајловски.

Проектите од сферата на инфраструктурата почнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ, според Мисајловски, се од витално значење за Република Македонија и, како што рече, не смеат да трпат застои или одложувања, сите тие пред да почнат со градба се добро подготвени со претходни анализи и мислења.

-Експресниот пат Прилеп-Градско е пат од огромно значење не само за жителите на Прилеп и Градско, туку и за целиот поширок регион на централна и јужна Македонија, кој ќе го забрза протокот на возилата и ќе допринесе за поголем економски развој и неговата реализација не смее да трпи заради неспособноста на СДС, додаде Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top