Заев се закануваше пред изборите дека со пенкало ќе го сруши режимот, а откако стана режим, со пенкало го руши Уставот на Република Македонија. За да истера политички инает на штета на државата, Владата ја запре постапката за назначување на Александар Николоски за амбасадор и шеф на Мисијата на Македонија во ЕУ.
Евроинтегративниот пат на Македонија е загрозен и по две недели откако Александар Николоски помина пред собраниската Комисија за надворешни работи, секој ден без амбасадор и шеф на мисија во Брисел е огромна ненадоместлива штета за нашата држава.
Владата на Република Македонија директно ги прекршила Уставот и законите на Република Македонија и преку МНР направила фалсификат на документот со кој му е ускратено рпавото на Александар Николоски да биде назначен за амбасадор и шеф на Мисијата на Република Македонија во ЕУ во Брисел.
Овие обвинувања ги изнесува Николоски на својот профил на Фејсбук приложувајќи го фалсификуваниот документ на увид на јавноста.
„Во желбата политички да се блокира моето поставување за амбасадор, Владата одржала затворена седница на која донела заклучок за прекинување на постапката за именување. Заклучокот кој во интерес на јавноста го ставам на увид е спорен од неколку аспекти:
1. Во истиот не е цитиран ни еден член на Законот за надворешни или Уставот, по кој е донесен. Причината е многу едноставна – таков член нема! Никаде во законот не е пропишано дека може да се прекине завршена постапка.
2. Донесен е само заклучок без одлука. Одлуката треба да ја потпише премиерот, веројатно свесни дека го кршат законот, товарот го префрлаат на генералниот секретар.
3. До денес ни Владата ни МНР писмено ме нема информирано за нивните активности, веројатно од причина што се незаконски.
4. Најголемиот скандал – датумот на прием на записникот во МНР. Направен е фалсификат! Со пенкало бројот 20 е заменет со бројот 19, за приемниот датум да биде 19 јуни, а не 20 јуни. Зошто им била потребна оваа работа само во Министерството за надворешни знаат.“
Николоски јавно побара одговор од Владата на Република Македонија и МНР зошто донеле незаконски заклучок и зошто е направен фалсификат во датумот на прием во МНР.
„Ако се во право, зошто направиле фалсификат?“
Исто така, тој апелира да престанат да го уриваат угледот на Република Македонија во Европската унија, да престанат со несериозниот однос и желбата за теснополитички пристап во надворешните работи.
„Како со кршење на Уставот и законите, како со фалсификати Македонија ќе спроведува реформи и ќе се приближува до ЕУ“, прашува Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Александар Николоски: Владеење на правото е единствениот пат за Македонија
-
Николоски: Мнозинството на етничките Македонци се против договорот
-
Николоски: На 30 септември ќе победи народот, тој многу добро знае што треба да прави на тој ден
-
Николоски за тендерот со учебници: Менуваат име за да крадат!