На претстојниот натпревар за убавина „Мис на светот 2013“, кој ќе се одржува во Индонезија, девојките нема да носат костими за капење како што отсекогаш било традиција и обичај.
Индонезиските строги закони и контроверзни закони им беа наметнати и на организаторите на најголемотиот натпревар за убавина во светот, па тие се согласија на овие барања бидејќи не сакаат да ги повредат верските чувства на граѓаните.
Бидејќи индонезиските власти не сакаат девојките да шетаат по пистата полуголи, на големото финале над костимите за капење кандидатките ќе носат наметки кои „нема да дозволат несакано покажување на задникот или градите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


