| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумите на СДСМ манипулираат со стари вести: Соопштението од Апелација за случајот „Труст“ е објавено пред есен месец

Соопштението од Апелацискиот суд во врска со случајот „Труст“, што денеска го објавија медиумите блиски до власта, е само безобразен обид да се заведе јавноста. Тоа соопштение е старо старо еден месец.

Соопштението што беше објавено утрово , дека Апелацискиот суд ја прифатил жалбата на СЈО во врска со одлуката на Кривичниот суд за дадената гаранција на бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничениот во предметот „Труст“, е од 7 јуни, одлука која веќе добро ѝ е позната на јавноста, а донесена на седница на Кривичниот совет на Апелациониот суд одржана на 6 јуни.

„Апелациониот суд Скопје известува дека Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје на седница одржана на 6.6.2017 година, донесе решение КСЖ-245/17, при што постапувајќи по жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, изјавена против решението на судијата на претходна постапка на Основен суд Скопје I Скопје, во делот кој се однесува на мерката за обезбедување присуство на обвинетиот – определената гаранција, одлучи, истата да ја уважи и првостепеното решение, со кое е прифатена гаранцијата поднесена од одбраната на осомничениот С. К. од С., го укина и предметот во овој дел го врати на повторно постапување и одлучување на судијата на претходна постапка на Основен суд Скопје I Скопје“, стои во соопштението од скопска Апелација објавено на 7 јуни.

Веста ја објави прво порталот А1он, за потоа да биде превземена од останатите соросови медиуми како Либертас, Макфакс, Фокус и други. По донесувањето на одлуката на Апелација од пред еден месец, Кривичниот тогаш појасни дека нема повторно да одлучува за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“, туку само за гаранцијата од 900.000 евра што Апелацискиот суд Скопје ја укина и предметот го врати на повторно одлучување.

 

Појаснуваме дека неточни се наводите дека првостепениот суд повторно ќе одлучува во однос на предлогот за определување мерка притвор, бидејќи, согласно решението на второстепениот суд, Кривичниот совет при Апелациониот суд ја прифатил жалбата на СЈО и го укинал решението на судијата на претходна постапка само за точка два од решението, односно во делот со кој се определува гаранција во вкупен износ од 875.298.56 евра и предметот, само во однос на оваа точка, се враќа на повторно одлучување. Во однос на точка еден од решението на судија на претходна постапка со која се одбива предлогот на СЈО за определување мерка притвор против осомничениот С.К., како и точка три од решението на судија на претходна постапка со која се определуваат мерки на претпазливост против осомничениот, остануваат непроменето“, стоеше во соопштението на Основниот суд Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top