| четврток, 6 декември 2018 |

Мхитарјан со новиот дрес на Јунајтед изгледа како да е труден (ФОТО)

Манчестер Јунајтед беше принуден да ја избрише од социјалните мрежи фотографијата со Хенрик Мхитарјан како го промовира новиот дрес по негодувањето на дел од навивачите.

Ерменскиот репрезентативец беше на одмор со неговата девојка, манекенката Викторија Лопирева, и кога се врати позираше со новиот дрес на „Адидас“. Сепак, на фотографијата изгледа како да пуштил стомак, а некои дури тврдеа дека изгледа како да е труден.

Навивачите на Јунајтед се надеваат дека 28-годишникот ќе биде максимално подготвен за новата сезона, откако минатата сезона имаше тежок старт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top