Нова студија покажува дека според лицето може да се открие дали некој е богат или сиромашен, само со набљудување на неутрален израз на лицето.
Луѓето ги користат овие впчеатоци и на пристрасен начин решаваат да соработуваат со лица кои им се чинат дека се богати.
– Овие впечатоци може да станат некој вид на пророштво кое може да влијае на вашите интеракции и прилики кои ви се пружаат во животот – изјави професорот Николас Руле, пренесува „Сајанс дејли“.
Интересно е дека истражувачите дошле до заклучок дека впечатоците за нечија општествена класа може да се стекнат само кога личноста има неутрален израз на лицето, односно кога не се смее и не покажува какви било други емоции.
Истражувањето е спроведено така што на лицата им биле претставени фотографии на луѓе со неутрален израз на лицата според кој тие заклучувале дали е некој богат или не. Точноста била 53 отсто.
На фотографиите биле главно студенти од 18 до 22 години. Тоа укажува на заклучок дека младите во таа животна доба имаат доволно животно искуство кое влијаело на нивниот израз за да може да се заклучи за нивниот социјален статус.
– Во мозокот се наоѓаат неутрони специјализирани за препознавање лица. Лицето е првата работа која ја забележувате кога ќе погледнете некого – изјави Руле.
Луѓето не се свесни како доаѓаат до овие заклучоци и не знаат да наведат ниту една рационална причина зошто мислат дали некој е богат или сиромашен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.