| четврток, 6 декември 2018 |

Антитерористичка операција на белгиската полиција во Брисел

Белгиските власти трагаат по уште неколку осомничени терористи, поврзани со оние кои беа приведени во опреацијата пред неколку дена во Брисел и во францускиот град Лил. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во претресите извршени изминативе денови во проблематичните населби во белгискиот главен град беа пронајдени три автоматски пушки „Калашников“, десетина реденици со куршуми за нив, четири пиштоли и муниција, радиопредавател, трепкачко светло, униформа на агенција за обезбедување, две полициски униформи, униформа за цивилната заштита и четири детонатори за бомби.

Белгиските власти сметаат дека оваа терористичка група не е целосно неутрализирана и не знаат како осомничените можат да реагираат. Според портпаролот на федералниот јавен обвинител, Ерик ван дер Сипт, овие акции на белгиските власти се со цел да се спречат можни нови терористички напади, но тој ја отфрли можноста дека е можно во Белгија во блиска иднина да се случи случно сценарио како на 22 март минатата година, кога 32 лица беа убинеи, а над 100 повредени во два издвоени терористички напади на бриселската метро станица Малбек и на Националниот бриселски аеродром Завентем.

Според Ван дер Сипт, белгиската полиција се уште трага по „неколку осомничени лица за тероризам“ по минатогодишните напади во Брисел и во северна Франција. Но, и покрај тоа што некои белгиски медиуми објавуваат дека властите „се плашат од нов терористички напад“, портпаролот на федералното обвнинителство изјави дека „нема никакви елеманти за сценарио како она на 22 март минатата година“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top