| четврток, 6 декември 2018 |

Карло Анчелоти се интересира за Аксел Витсел

Германскиот првак Баерн Минхен е заинтересиран за белгискиот репрезентативец Аксел Витсел, кој во моментов е член на кинескиот клуб Тијанџин Квинџијан. Тренерот на баварскиот клуб, Карло Анчелоти, имал телефонски разговор со Фабио Канаваро, тренерот на Тијанџин, распрашувајќи се за можноста Витсел да се врати во Европа и да пристигне на „Алијанц арена“.

– Навистина ми годи кога Баерн Минхен се интересира за моите услуги. Мојот тренер Фабио Канаваро ме информираше дека добил повик од Карло Анчелоти, кој сакал да ме доведе во Баерн Минхен. Канаваро му рекол дека во моментов сум му потребен во тимот на Тијанџин, но убаво е кога знаеш дека те бара еден таков европски гигант – откри Аксел Витсел во разговор за белгиските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top