| четврток, 6 декември 2018 |

Реконструираното ОУ „Круме Кепески” во Кисела Вода ги чека новите ученици

Околу осумдесет нови првачиња оваа есен ќе започнат со настава во ОУ „Круме Кепески” во Кисела Вода. Објектот кој во текот на изминатата година беше темелно обновен од страна на Општина Кисела Вода, е подготвен да ги прими учениците.

Објектот кој е изграден во 1962 година беше во лоша состојба, кровот имаше поприлично оштетени азбестни плочи, па честопати се случуваше при поројни дождови да прокиснува, а внатре во самиот објект, посебно во зимските услови да се чувствува мирис на влага, информираат од општината.

Кисела Вода инвестираше во изработка на проект за енергетска обнова, по што во ОУ „Круме Кепески” беше извршена замена на постојните со нови прозори, изведба на нова фасадна топлинска изолација, замена на постојниот кровен покрив и топлинска изолација на кровната плоча.

Реконструирани се и санитарните јазли во училишниот објект, поставена е нова санитарија, плочки, врати, нова водоводна инсталација и одводни цевки, како и штедливи лед арматури за осветлување, наведуваат од Кислеа Вода. Во учебната 2016-2017 година, во ова училиште настава посетуваа 762 ученици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top