Европскиот првак Реал Мадрид ја разгледува можноста за ангажман на германскиот репрезентативец Леон Горецка. Тој импресионираше со своите игри во дресот на „панцирите“ на Купот на Конфедерациите, па тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан, побарал од раководството на клубот да се обиде да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“. Се работи за одличен играч за врска, кој многу често знае да се уфрли и во завршницата и да постигне погодок.
Горецка е играч на Шалке и за него уште од поодамна интерес појави и Баерн Минхен. За него „кралевите“ се подготвени да платат 30 милиони евра и да го доведат како засилување ова лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Горецка одлучил каде ќе ја продолжи својата кариера
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)