Земјоделците од делчевско денеска се собраа на протест по повод обештетувањето од настанатите штети од замрзнувањето на овошните насади како што се сливите, вишните, јаболките и оревите.
– Комисиите беа и потоа не не’ информираа дали ќе не исплаќаат или не, а овој протест денес нека биде предупредување и за кратко време ако не добиеме известување што ќе се случува со нас, ќе се собереме масовно сите овоштари од Делчево и Берово, велат земјоделците.
Тие велат дека субвенциите не се исплатени, иако рокот бил до 30 јуни, а за оваа година не се вршело пријавување и не знаат ни дали ќе има пријавување. Тие стравуваат дека оваа година субвенции ќе се делело само на регистрираните земјоделци, додека пак нерегистрираните нема да добиваат субвенции. Тие порачуваат дека доколку се случи и тоа протестите ќе бидат уште помасовни.
– Ние од тоа живееме, знаете какви се условите и повторуваме доколку не не известат ние ќе излеземе на масовен протест и ќе си ги бараме парите. Протестите ги најавуваме за почетокот на август, но и порано доколку не не известат за обештетувањето од штетите од невремето и мразот, порачаа земјоделците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.