| четврток, 6 декември 2018 |

Со искривени факти во полза на Заев и Борисов: Љубчо се крена против Илинден

Заев само прагматично ги откочува процесите што претходната влада ги закочи, констатира коалицискиот партнер на Заев, Љубчо Герогиевски во статус објавен ан Фејсбук.

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ смета дека „ако не беше колишевистичката политика на ВМРО-ДПМНЕ, немаше ни да има полувето од бугарска страна и воопшто немаше ни да има потреба од таков договор“.

За него овој договор не е спорен, а уште помалку заедничката прослава на некои настани.

„Ќе се задражам на Илинденско-преобрженското востание. Организацијата која го подготвила востанието сѐ до 1902 г. се викала Бугарско-македонско-одрински револуционерен комитет. Според истиот устав кој го напишале Гоце Делчев и Ѓорче Петров, член на истиот можел да биде само припадник на Бугарската егзархија, сите други милети се до 1902 г. биле по дефиниција исклучени. Главен јазик на писмената комуникација е бугарскиот литературен јазик. Сите документи, писма и било каков писмен документ што постои од организацијата е напишан на истиот. Сите високи раководители биле учители на Бугарската егзархија, Делчев, Груев, Петров, Тошев… или бугарски офицери како што е командантот на Илинденското востание Борис Сарафов. Најголемата финансиска и вооружена помош идела од Бугарија, а сите бази за повлекување и криење биле исто тамо.“


Георгиевски потенцира дека „одрински“ во името на организацијата е „технички проблем“.

„Во самото име на организациата имаме и технички проблем. Одринско е територија од реката Места до Црно Море, во неа живеат и Турци, Помаци и Грци. Но, спојот е само со бугарското население од Одринско. Значи и од технички аспект организацијата е партнерска со Бугарите. Гоце Делчев како што бил инспектор во Македонија на воените чети така бил за бугарските чети во Одринско. Конгресот на одринската област од 1902 кога тие пројавиле сепаратистички амбиции лично го претседавал Делчев и ги смирил нивните амбиции.“

На крајот, Герогиевски толкува дека кога конечно била донесена одлука за кревање на востание, Бугарите од Одринската област во целост ја испочитувале наредбата за кревање на востанието во термин кога им било наредено, десетина дена по Илинден на празникот Преображение.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top