| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на рачно изработен накит во спомен-домот „Браќа Миладиновци“ во Струга

На петти јули, среда, во спомен-домот „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се отвори изложбата на рачно изработен накит на Билјана Тодоровска.
Тодоровска со рачна изработка на накит се занимава седум години, а последните четири ја користи техниката сутаж. Во изработката најмногу ја инспирира сето она убаво што и се случува секојдневно.
– Најмногу преовладуваат моите емоции и затоа мојата изложба ја нареков „Внатрешен свет ” – објаснув авторката Билјана Тодороска.
Изложбата ќе трае до 15. јули.
Добродојдени се сите љубители на уметноста. Инаку ова е нејзина втора самостојна изложба, првата беше со наслов „Чекор по чекор ” која се одржа во јули 2016г во галеријата „Робевци“, Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top