Ирското претседателство со Европската унија очекува Македонија да ги почне преговорите за членство во првата половина на 2013 година, рекол министерот за надворешни работи на Ирска, Имон Гилмор пред Комитетот за надворешни прашања на Европскиот парламент, пренесува АНСА.
– Сакаме да видиме конкретен прогрес за сите земји-кандидати, вклучувајќи ги и потенцијалните. Во првата половина на 2013 ќе имаме шанса да ги отвориме преговорите со Србија и Македонија, на Албанија да и доделиме кандидатски статус, и да потпишеме договор за асоцијација со Косово. Знаеме дека ова е амбициозна агенда, но ирското претседателство ќе работи за прогрес на земјите од Западен Балкан, изјавил Гилмор, објаснувајќи ги приоритетите на ирското претседателство со ЕУ, пренесува италијанската агенција АНСА.
Ирска како претседавач ќе ја поддржи кандидатурата и на Босна и Херцеговина и затоа Гилмор очекува босанските власти да се ангажираат поактивно за интеграција на земјата во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


