| четврток, 6 декември 2018 |

Дулови: Време е да се испорачаат ветувањата

Лирим Дулови, новинар во Коха во емисијата Око на ТВ Нова зборувајки за употребата на Закон за јазици изјави дека е доста само да се слушаат ветувања, според него сега е дојден моментот да се испорачаат тие ветувања.

-Се шпекулира дека Законот за јазици ги содржи барањата што беа на маса во преговороите и со ВМРО-ДПМНЕ – за полициските и воените униформи. Дали се согласиле не знам, доколкументот не е јавен. Сепак, албанскиот јазик е нешто свето и се чудам кога колеги и политичари си даваат слобода да зборуваат проитив употребата на албанскиот јазик. Јас сум внимателен кога зборувам за ставот на Албанците за проблемот со името. Албанците не негираат било што, но од друга страна гледам леснотија за зборувањето за употребата на Албанскиот јазик. Доколку јазиците се рамноправни ќе се решат проблемите и во однос на меѓунационалните односи. Никој не губи, доколку јас зборувам на мојот јазик, истакна Дулови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top