После раскинувањето на долга врска, многу момци, а и девојки се опседнати со тоа дека на својата поранешна љубов треба да и остават одреден впечаток – најчесто дека во животот им оди одлично.
Таков мотив, судејќи по раскажаното, имал и поранешното момче на една аптекарка, чија кратка исповед кружи по интернет. „Поранешното момче доаѓа секој ден да купува кондоми, иако не излегуваме веќе една година.“ – вели аптекарката.
Нејзиното поранешно момче очигледно сака таа да знае дека и после нејзе има редовни и чести сексуални односи, што е навистина бедно, како што и таа оценува, без оглед дали е вистинито или не.
Од друга страна, можно е да сака да и испрати некој друг сигнал, порака, која таа не е во состојба да ја разбере.
извор:Пинџур.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.