| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: ЕЛЕМ ќе биде бонбона-бизнисот на Заев, Обрадовиќ ќе ја олесни постапката

Македонија стана тема за потсмев во Србија поради катастрофалните кадровски одлуки кои ги носи Зоран Заев. Сите се прашуваат како е возможно Зоран Заев великодушно да му доделува државјанство и да го планира за директор на ЕЛЕМ, човекот кој бил набркан од позицијата директор на Електропривреда на Србија поради хедонизам, луксуз и неодговорно работење, истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција. Српските медиуми се прашуваат како е можно човек кој е сменет од челото на ЕПС заради спорна набавка на луксузни возила да добие ангажман во Македонија.

Зоран Заев без тронка срам ја потценува целокупната фела во Македонија и планира да го именува Обрадовиќ, човек кој во сред мерки за штедење набавувал екстремно скапи возила, кој правел промашени тендери со милионски штети, кој неодговорно работел и ангажирал за баснословни хонорари ТВ ѕвезди. Овие информации за Обрадовиќ ги пишуваат српските медиуми и изгледа сите ги имаат прочитано, освен Зоран Заев. Или уште полошо и тој ги има прочитано но и има проценето дека токму ваков мешетар му треба да ја прво да ја унакази ЕЛЕМ, а потоа да ја продаде како бомбона бизнис. ЕЛЕМ е фирма која управува со хидроцентралите во Република Македонија, фирма која управува со термоцентралите, ветерници, и голем број стопански субјекти, фирма која во себе има вработено 4800 граѓани на Република Македонија. Премногу е сериозно некој да си поигрува со судбината и иднината на оваа фирма.

Овие стравови се оправдани имајќи го предвид беграундот и на Обрадовиќ, но и на Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека еден погрешен кадровски избор како што е Обрадовиќ може да ја урниса најголемата државна фирма ЕЛЕМ која има капитално значење зa Македонија и македонската економија. Оттука бараме Зоран Заев и неговата влада веднаш да се откажат од намерата да ангажираат странец од типот на Обрадовиќ, бидејќи тоа ќе ја доведе во ситуација Македонија да биде тема за потсмев во регионот, а уште пострашно да ја доведе во прашање позицијата на ЕЛЕМ како енергетски столб на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top