| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка на магистралниот пат Ѓавато – Тополчани: Загина битолчанец, тетовец се бори за живот


Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 14:50 часот се случила на магистралниот пат Ѓавато-Тополчани кај месноста Библикамен.

Од полицијата информираат дека незгодата се случила помеѓу товарно возило „Ивеко“ со тетовски регистерски таблички, управувано од З.Т. (49) од Скопје и трактор „ИМТ“ со битолски регистерски таблици управуван од Д.И. (51) од с.Горно Оризари, Битолско.

Во незгодата, трактористот Д.И. од здобиените тешки повреди починал на самото место, додека возачот на товарното возило се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на десно стапало) и по укажаната лекарска помош во битолската болница бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола. По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top