Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша указ за формирање на Национален совет за Вселената, со кој ќе раководи потпретседателот на САД, Мајкл Пенс.
Со оваа одлука на Трамп всушност се возобновува работата на овој совет, кој престана да постои во 1993 година.
Трамп изјави дека со формирањето на Советот се испраќа јасна порака до светот дека „САД имаат лидерска улога во Вселената“, додавајќи дека нејзиното истражување ќе биде корисно за амерканската економија и за националната безбедност.
Покрај Пенс, членови на Советот се и државниот секретар Рекс Тилерсон, секретарите за одбрана, за економија, за транспорт и за национална безбедност, како и првиот човек на НАСА, началникот на Здружениот генералштаб на американските Вооружени сили, советниокот на Трамп за национална бебзедност и директорот на националното разузнавање на САД.
Советот ќе ги координира иостражувањата на Вселената, при што ќе црпи идеи од научните средини и од водечките бизнис кругови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.