Охрид, како и останатите делови од земјата денеска ќе бидат во портокалова – aлертна фаза. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи во текот на денешниот ден ќе преовладува сончево и многу топло со умерен до засилен југозападен ветер. Максималната температура на места ќе достигнат до +42, а во Охрид живата во термометрите ќе се искачи до +37 степени Целзиусови. Индексот на УВ зрачење исто така ќе биде многу висок и ќе изнесува 9.
Во недела се очекува мало освежување. Претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи и со умерен северен ветер и дневна температура помеѓу 30 и 40 степени. Во понеделник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со засилен северен ветер и локален дожд. Утринската температура ќе се движи во интервал од 12 до 20, а дневната од 21 до 29 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст