| четврток, 6 декември 2018 |

Костов: Ќе кажам смело Јанева не ги пишува обвиненијата, таа извршува странска агенда

Од првиот ден со сомнeжи гледав кон нејзината професионалност, објективност, а да не зборувам за нејзиното отсуство на стручен капацитет и професионален кредибилитет. Таа вчера тоа и го докажа. Таа вчера ни приреди штанцање на обвиненија за 94 луѓе, за 7 правни лица за 18 кривични дела и 17 обвиненија, истакна поранешниот јавен обвинител Сотир Костов на трибината во организација на Институтот „Павел Шатев“.

-Тоа е политички опструирана акција. Осумнаесет месеци беа доволно некој да ги истражи снимките. Вчера не видов Ф од факти, А од аргументи, Д од докази кои се најважни за составувањето наобвиненијата, за покрепувањето дека некој сторил кривично дело и да го обвиниме. Вчера не беше нападнато само ВМРО-ДПМНЕ, вчера беше нападната и загрозена демократијата во Република Македонија. Вчера беа обвинети новинарите и новинарството, судството, членови на ДИК,  вели Костов и додава дека со тоа се нападнати четирите сегменти на демократијата.
-Вчера катица во улога на Салиери се обиде да го убие Моцарт!
Таа нема таков капацитет без факти и аргументи и докази многу брзо народот ќе се разбуди и ова брзо ќе заврши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top