Целта на СЈО е елиминација на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на државата. СЈО води политички процес, чија цел е политичка а не правна, и притоа без да има какви било докази се води хајка против цела една партија. Стотина лица од клучните тела на ВМРО-ДПМНЕ се политички обвинети, без постоење на докази се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„СЈО се претвори во канцеларија на СДС.
СЈО е алатка за присила врз ВМРО-ДПМНЕ затоа што цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ беше на браникот на одбраната на државните и националните интереси на Македонија, одолеа многу притисоци и закани.
Во наредниот период секогаш кога ќе се појават теми решавање на проблемот со името и договор со Грција, штетниот договор со Бугарија, редефинирање на државата, продажба на ЕЛЕМ, штетни и криминални договори, законот за јазици ќе стане тема и ќе се активира СЈО. Тоа е нивната димна завеса.
Но народот гледа и добро цени, а миговите се циклични. Брзо ќе дојде времето кога сите кои ги повредиле процедурите, законите и нанеле зло, ќе одговараат за ова свое однесување.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст