Забраната за патување што ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп, а која се однесува на граѓаните на шест земји со мнозинско муслиманско население, денеска стапи на сила.
Станува збор за ублажена верзија на првичната забрана на Трамп, која предизвика протести и хаос на аеродромите во земјата во јануари, но, сепак, се очекува дека ќе поттикне нова рунда оспорувања пред суд.
Забраната се однесува на државјаните на Иран, Либија, Сирија, Сомалија, Судан и Јемен како и на сите бегалци.
Според забраната, на лицата без блиски родниниски или деловни врски во САД може да им се одбие барањето за виза и да им се забрани влез во земјата. Дедовци и баби, вујни, тетки, братучеди и братучетки не се сметаат за блиски роднини.
Активистите за права на мигрантите и бегалците ветуваат дека ќе ја оспорат забраната, а владата се обидува да објасни како новите прописи ќе ја направат Америка да биде безбедна
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст