| четврток, 6 декември 2018 |

Колкава плата земаат грчките владици и свештеници?

Грчкиот aрхиепископ има плата од 2600 евра, платите на митрополитите на Грчката православна црква изнесуваат 2210 евра. Архиереите кои се на ниво на епископи имаат месечни примања од 1820 евра. Доколку некој од нив има статус на доктор на науки, добива плус 75 евра на месец, а доколку пак е магистер тогаш дополнителните приоходни се повисики за 45 евра.

Ова се официјалните податоци за платите на црковните службеници, што ги објави грчкото министерство за финансии. Во Грција свештениците и владици се државни службеници. Платите пак на свештениците се на ниво и на останатите административни службеници. На пример: свештеник со високо образование зема плата од 678 евра, а по навршени 10 години стаж – 1032 евра, со 30-годишен стаж – 1410 евра.

За клириците кои дипломирале само семинарија, основната плата е 644 евра, а по 30 години стаж таа стигнува до 1099 евра.

Инаку, грчката православна црква изминативе неколку години, поради економската криза во државата, се соочува со сериозен пороблемн на недостаток на свештеници. Поради строгите рестрикции кон државните службеници државата ги ограничи можностите за ракоположување на нови клирици.

Актуелната статистика покажува дека на еден нов свештеник се избира на петмина пензионирани црковни службеници. Ова сосотојба доведе до појава на т.н. “Неплатени клирици”. Поради неможност да назначат нови свештеници, многу митрополити почнаа да ракополагаат идни чија егзистенција ја презема митрополијата или парохијата.

Експертите во Грција велат дека оваа практика сепак крие и многу ризици, бидејќи “неплатените свештеници” во иднина нема да имаат пензија, а немаат ниту здравствено осигурување, ниту тие, ниту членовите на нивните семејства.

Грчката држава, по долги преговори со ГПЦ оваа година дозволи околу 180 нови места за нови свештеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top