| четврток, 6 декември 2018 |

Совети од експерти: Направете ја вашата партнерка позадоволна во кревет

Во магазинот “Journal of Sexual Medicine” е објавено дека всушност постојат три типа на ерекција – рефлексна (таа настанува поради физички контакт), психосоматска (настанува поради визуелна стимулација) и ноќна ерекција.

Исто така, научниците тврдат дека 70 отсто од мажите имаат благо закривен пенис, но тоа се гледа само кога тој е во опуштена состојба.

Истражувањето се занимава со уште некои митови поврзани со машкиот полов орган, па се испоставило дека пенисот во опуштена состојба никако не е вистински показател за големината, бидејќи кај две третини од мажите тој се зголемува за околу три сантиметри, додека кај една третина од нив тој се зголемува за дури и повеќе од пет сантиметри.

Што се однесува до мастурбацијата, работата е јасна – ако мажот немал секс ниту мастурбирал неколку дена, неговата ерекција ќе биде поцврста, а неговиот пенис ќе биде малку подолг поради посилната циркулација на крвта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top