Македонија има уште еден победник! Во спектакуларното финале на 11-тата сезона на најпопуларното телевизиско шоу „Ѕвездите на Гранд” апсолутен победник со 76.226 гласови од публиката, односно вкупно 278.221 гласови е нашиот маестрален Ристе Ристески.
Автомобил, две песни од врвни автори и комплетен маркетинг во времетраење од девет години се наградите кои Ристе ги доби, а дека е пресреќен потврди и самиот веднаш по прогласувањето на победата.
Им благодарам на сите за поддршката, јас сум пресреќен, се уште сум во шок и не можам да верувам дека публиката ме избра мене за апсолутен победник”, рече охриѓанецот.
Вториот победник, односно победникот од страна на жири комисијата е Алекса Петровиќ, но иако жирито беше наклонето кон него, публиката го рангира на 6. место со освоени 14.305 гласови.
Во рамки на ревијалниот дел од финалето Јелена Карлеуша промовираше две дуетски песни, а голема прашина за крена околу изведбата на темата “Банкина” со Аца Лукас која беше проследена со светска кореграфија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.