Основното јавно обвинителство денеска преку соопштение информираше дека Специјалното јавно обвинителство не го побарало предметот „Монструм“.
– Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека предметот кој во јавноста е познат како „Монструм“ е во надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Предметот до овој момент воопшто не бил побаран ниту од страна на СЈО, ниту од страна на Советот на јавни обвинители“, пишува во соопштението на ОЈО.
Од таму додаваат дека овој предмет се наоѓа во архивата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Инаку денеска Врховен суд требаше на јавна седница да ги разгледа жалбите на шестмина осудени на доживотни затворски казни во овој случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.