Синоќа свечено беше отворена новата болница „Неуромедика“, чија инвестиција е вредна осум милиони евра. Болницата ја освети Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.
– Пред 25 години се формираше тим од двајца лекари и една медицинска сестра, означувајќи го на тој начин стартот на првата приватна поликлиника во Македонија, „Неуромедика“. Од тогаш до ден денес, „Неуромедика“ постојано се развива и изгради бренд и е синоним за најсовремена болница опремена со последни техничко технолошки достигнувања од областа на медицината и со целосен тим од специјалисти и доктори. На отворањето присустуваа над илјада гости. Балканската ѕвезда Наташа Беквалац се погрижи за супер расположението на присутните гости- велат од „Неуромедика“.
Новата „Неуромедика“ Болница е чиста македонска инвестиција од осум милиони евра, од кои три милиони евра се инвестирани во медицинска опрема, а остатокот е во градежни и инфраструктурни дејности. Инвестицијата во целост е на сопственикот и директор д-р Емил Угриновски.
Новата „Неуромедика“ Болница е на осум нивоа и се простира на вкупно 3.500 квадратни метри. Располага со 23 специјалистички ординации, најсовремено опремени болнички апартмани, 2 најсовремени хируршки сали, ургентен центар, дијагностички центар со најсовремена медицинска апаратура од брендот Siemens: магнетна резонанца 1.5 Tesla и компјутерска томографија 64 slice, DXA скен, РТГ, ЕМГ, мамограф, ЕЕГ, ЕХО дијагностика, специјализиран центар за трудова медицина каде се изработуваат сите видови на лекарски уверенија, специјализиран центар за ортопедија и трауматологија, специјализиран центар за неврологија со најсовремена дијагностика, специјализиран центар за пластична хирургија и општа хирургија, специјализиран центар за орална хирургија, специјализиран центар за нехируршка естетска медицина на лице, стоматолошки центар и најсовремена биохемиска лабораторија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.