Летото е најпопуларно време за одење во ресторани, затоа што по топлините и во атмосферата на опуштање ретко кој готви, а не тешко да се пронајде причина за „частење“. Но, постојат некои инсајдерски тајни кои можеби нема да ви се допаднат, но се добар совет за секој нареден пат.
На овој ден никогаш не се порачува морска храна
Ако сте обожаватели на риби или морски плодови, тогаш би требало да знаете дека најлош ден за нивно порачување е понеделник.
Повеќе од 80 % од рестораниоте, па дури и оние на самото море, немаат достава на свежа риба туку ќе ја јадете онаа старата. Исто така, ако сте се одлучиле за јадење пржено во масло, голема е веројатноста дека ќе добиете риба пржена во старо масло.
Поради тоа за морски специјалитети почекајте до вторник или другите денови во неделата, изјавил познатиот готвач Антони Бордијан Гламур.
Освен тоа , готвачите советуваат никогаш не нарачувајте морска храна во ресторан кој е оддалечен повеќе од 30 километри од морето, тоа се смета како здрава логика, затоа што таквата риба е често смрзната и поради тоа е поскапа и помалку вкусна.
Во кој ресторан што да јадете
Посетувате ли ресторан кој е специјализиран за нешто, тоа е многу паметно. На пример, во ќебапчилница логично е да одберете ќебапи или плескавица, во стек хаус пилешко, во италијански ресторан нивни специјалитети, во кинески кинеска храна…
Причина за тоа е дека состојките најмногу „одат“ па се и најсвежи. Исто така, веројатно e и дека не се толку вешти во припрема на други јадења, па тоа освен квалитетот, може да бидете разочарани и од вкусот на намирниците.
По допирањето на менијата измијте ги рацете. Менијата кои се даваат на гостите во раце никогаш не се чисти, па затоа се и легло на бактерии. Откако ќе го прелистате, би било добро да ги измиете рацете, кажуваат келнерите.
Ако менијата не ви се чинат толку валкани за кревање на паника, ќе ве разубеди неодамнешната американска студија во која на просечно мени се наоѓаат дури 185 илјади бактерии. Премногу чисти не се ниту соларниците, па добро е да ги земате во раце со салфета.
ВЦ-то е добара показател како изгледа кујната.
За да ја процените чистотата во ресторанот, едноставно влезете во тоалетот. Акое е тој валкан и неодржуван, само замислете како изгледа кујната која гостите не можат да ја видат, пишува Reader’s Digest.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст