Австралискиот модел Миранда Кер на американското Министерство за првда му предаде накит вреден 8,1 милион долари, што го добила од поранешното момче, малезискиот богаташ Џо Лоу, објави „Волстрит Џурнал“.
Накитот, меѓу кои е и 11,72 каратен дијамант во форма на срце. Лоу наводно го купил со средства отуѓени од малезискиот државен фонд.
Актерот Леонардо ди Каприо пред еден месец на Министерството за правда му предаде уменички дела, исто така, подарок од Лоу. САД планираат да покренат тужба за измама и перење пари против малезискиот претприемач Лоу, за кој се смета дека е во центарот на корупцискиот сканал поврзан со државниот фонд.
Се планира посебна тужба со цел запленување на имотот во вредност повеќе од милијарда долари, наводно купени од средствата од тој фонд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст