| четврток, 6 декември 2018 |

Седум годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на патот Охрид-Кичево

Во животна опасност се наоѓа девојче на возраст од седум години и е хоспитализирана во Клиничкиот центар по сообраќајна несреќа која се случила на патот Охрид-Кичево, кај Требеништа.

Од полицијата информираат дека несреќата кај нив е пријавена вчера во 5:15 часот. Според полицискиот извештај 26-годишната Љ.К. од Валандово управувајќи автомобил „Поло“ изгубила контрола над истиот, пошто возилото излетало до коловозот и се превртело на кров.

Со тешки повреди се здобило седум годишното девојче кое било во возилото, а по укажаната лекарска помош во охридската болница е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје каде се бори за живот.

На местото на несреќата извршен е увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top