Војници во штипската касарна денеска биле затруени со храна, објави НетПрес. Според информациите до кои стигнал порталот двајца војници, со симптоми на труење проследено со дијареја, рано утрово биле однесени во армиската амбуланта во касрната во Штип.
Неофицијалните информации велат дека труење од храна всушност имало кај повеќе војници, но на двајца здравствената состојба им се влошила и итно биле однесени на амбулантско лекување.
Војниците биле од касарната „Криви Дол“, која е одвоена физички од штипската касарна. Затруените биле на стражарска долкжност. Но, откако им била укажана медицинска помош во армиската амбуланта, тие повторно биле вратени на стражарската должност, и им било речено дека дополнително ќе бидат повлечени и заменети со други двајца војници, а дотогаш ќе треба да си ги извршуваат обврските.
Засега нема официјална информација од Министерството за одбрана за овој случај. Министерката Радмила Шеќеринска како и останатите членови на владата на Заев, а и самиот Заев периодов се презафатени со средби со амбасадори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.