Според рангирање на Паспорт индекс, најдобри се германските и сингапурските пасоши со кои без виза може да се патува во 159 држави.
Според Паспорт индекс, најголема слобода за патување во светот имаат Германците и жители на Сингапур, кои со својот пасош немаат потреба да вадат визи и да посетат дури 159 држави. Вредноста на пасошот се одредува според низа параметри, но најважни се визите.
Хрватите може да патуваат без визи во 144 држави, Словенците во 150, Србите во 112. Македонците може да патуваат без визи во 108 држави. Додека жителите на БиХ – 101, и Црна Гора во 105 држави.
Во почетокот на годината со сингапурски пасош можеше да се патува во 157 држави со германскиот во 158, а сега државите се изедначени.
Пасошот на САД кој до пред две години беше „најсилен“, сега не е ни меѓу првите 10. Тие места се за европски држави со исклучок на Сингапур и Јужна Кореја која е на 4-то место. Трета е Шведска, а од петтото до 10 место се Данска, Финска, Италија, Франција, Шпанија и Норвешка. Русите може да патуваат без визи во 107 држави, државјаните на Кина во 58.
Жителите на Авганистан може да патуваат само во 22 држави без визи, а меѓу петте „најлоши“ се и Пакистан, Ирак, Сирија и Сомалија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст