| четврток, 6 декември 2018 |

Марија Шерифовиќ: Болна сум и болеста напредува

Марија Шерифовиќ открива дека нејзината опседнатост да држи се под контрола ги надминува границите на нормалното. Пејачката нема мир, ако се не тече според планот.

-Не сум недоверлива туку сум малку болна. Сакам се да држам под контрола и се да гледам со своите оче, рече Марија во емисијата „Стем011“.

Шерифовиќ вели дека нејзината опсесивно-компулзивна болест е во пораст што покажуваат нејзините повреди кои ги здобила пред концертот во Комбанк арената. Пејачката пред камерите ја покажа лузната на својата лева рака која и останала откако исеченицата и зараснала.

-Нешто местев, вадев нешто. Ни јас не знам што се случи, но и ден денес ја носам лузната од тоа. Десет минути пред почетокот на концертот бев на шиење и со фластери излегов да пеам. Тоа доволно говори колку мојата опсесивно – компулсивна болест е во пораст, рече таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top