| четврток, 6 декември 2018 |

Нема полесна, ниту повкусна: Со чоколадната диета смеете да јадете торта и тестенини

Во екот на летото многумина имаат желба да ја подобрат својата линија и да симнат некој килограм, а диетите се еден начин да се дојде до посакуваниот ефект. Сепак, оваа таканаречена чоколадна диета звучи најпримамливо од сите други кои ќе ги сретнете.

Нејзиниот творец Лени Ниман тврди дека таа совршено делува, само што доколку ја држите не смеете да консумирате никакви други слатки како на примиер колачиња, гумени бомбони, бисквити… За време на чоколадната диета исто така не смеете да внесувате: алкохолни пијалоци, сол, шеќер, масло, пржена храна, млечни производи, црвено месо, апетисани, чипс, брза храна, кафе и газирани пијалоци.

Тајната во “слатката” диета е во тоа што го забрзува метаболизмот, а чоколадото делува и како стимуланс. Сепак, не заборавајте да пиете минерална или обична вода која повеќе го стимулира метаболизмот.

Мени:

Појадок: пуканки (без сол и путер) и овошје.

Ручек: салата со тестенини.

Ужина: Пуканки, една топка овошен сладолед со млеко со ниска масленост или црна чоколада.

Вечера: тестенини со сос од домати и лук и салата.

 Чоколадото или нормално парче чоколадна торта можете да конзумирате по секој оброк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top