Додека во Македонија фанфарите на заевиот медиумски клан го слават најавеното потпишување на договор за добрососедство согласно кое Заев, надминувајќи го „национализмот“ ја отстапи македонската историја на Софија и најави ревидирање на учебниците, заради „изменетите услови и реторика во Бугарија“, бугарските историчари бараат уште посилна бугарска пропаганда во Македонија.
Историчарот Пламен Павлов денеска побара „активен дијалог“ со поголема специфика во дипломатските разговори.
-Македонизмот е ГМО на историјата и културата. Во Националниот музеј на Македонија гледате некакви работи, но е сеедно, некој украл нешто и се обидува да го прикрие. Тоа не може да се случи со магично стапче. При толку години антибугарска пропаганда и перење на мозоци кое продолжува и во моментов, треба упорност од наша страна, многу активен дијалог и поголемо присуство- вели бугарскиот историчар кој нагласува дека „Македонија не може без Бугарија, но и Бугарија не може без Македонија“.
Тој вели дека мора да се постигне договор за 2 август за да се даде „категорична лекција“ на сета антибугарска страст која според него повторно се обидува „да манипулира“.
-Да потсетам кој учествувал во Илинденското востание, колку луѓе од денешната територија на Бугарија и, воопшто, „Слобода или смрт“, црешово топче, сè. Обидот да се фалсификува историјата и на тој начин да се владее со иднината, тоа е заговор, кој во еден демократски свет едноставно не може да издржи. Значи во никој случај не треба да се отстапува од ваквата позиција и без, се разбира, да се влијае на нечии чувства, и внимателно и дипломатски, но доволно цврсто и јасно да укажеме дека ние не правиме разлика меѓу себе и луѓето во Македонија. Успех на оваа дипломатија е многу важна за нашата судбина во иднина.
Во однос на македонскиот јазик, односно дали станува збор за промена на бугарскиот став и признавање на македонскиот јазик, историчарот не гледа промена бидејќи „На крајот сепак независно од тоа какви формулации ќе бидат употребени ефимистично во Македонија, ние не треба никогаш да отстапиме од ставот дека станува збор за една литературна норма на бугарскиот јазик“, споредувајќи дека Италија има четири литературни норми .
-Крајно време е да се разбере дека ние сме два дела на една целина. Без разлика на кој што мисли и што чувствува, тоа е вистината- коментира Павлов, кој нагласува „бугарско мнозинство во Македонија“ кои „имаат слободата да ја изразат сами својата националност“.
После секојдневните вакви тези кои стигнуваат од Бугарија, прашање е какви промени увиде заевиот медиумски калифат, за да го злави „бравурозниот“ потег на Заев, без притоа да го постави клучното прашање: ќе сменат ли нешто и бугарските историчари во своите учебници?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.