-Од ден на ден, од година во година, кумановскиот градоначалник Дамјановски успева да докаже дека е еден од најлошите менаџери на една општина во Република Македонија. Во кумановската чаршија веќе кружат шеги дека можеби новата Влада има голем број на министри без ресор, ама само кумановци имаат градоначалник кој се однесува како градоначалник без општина- обвинија денеска на прес-конференција од ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ во Република Македонија внесе огромен број на странски инвестиции кои трајно вработија десетици илјади граѓани и ги обезбедија нивните семејства. За жал кај СДС и Дамјановски тоа не е случај.
Поминаа 12 години како Дамјановски владее со општина Куманово и точно 4 години од ветувањето дека во Куманово ќе се гради Индустриска Зона со над 60 индустриски капацитети, која само за почеток требаше да обезбеди над 2500 вработувања. Требаше да биде изградена во атарот на селото Речица, а со површина од 60 хектари.За жал, може да се констатира дека таканаречената индустриска зона на ДАМЈАНОВСКИ е само уште едно негово промашено ветување на хартија. Таму денеска, освен празна ливада и некосена трева, не може да се види ниту еден започнат инфраструктурен проект, кој би требало да го реализира локалната самоуправа, се со цел привлекување на инвеститори. На ливадата која требаше да биде индустриски капацитет, нема ниту приклучок за вода, канализација, струја, ниту пак е направен некаков пристапен пат- нагласија од ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму ја прашаа локалната самоуправа, како и новата Влада предводена од Зоран Заев и СДС, дали планираат да ја реализираат Технолошко индустриската развојна зона предвидена во месноста АЏИТЕПЕ, Кумановско, проект започнат од претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој е во фаза на реализација во Агенцијата за Просторно Планирање.
-Дали имаат желба и волја Куманово да го стават на мапата на странските инвеститори или пак планираат Куманово да остане град со голем број на невработени и голем број на млади иселени лица во Република Македонија-рекоа од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.