Двајца жители на село Ангелци, општина Василево, собирале храна од градската депонија во Виница, ја преработувале и потоа ја продавале.
Полицијата поднесе кривична пријава против З.А. (41) од с.Јакимово и М.К. (50) од с.Ангелци, Општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни прехранбени и други продукти“.
Како што соопшти МВР, З.А., од градската депонија на Виница, со која стопанисува Јавно претпријатие за комунални услуги ,,Солидарност“ од Виница, собирал исфрлени прехранбени продукти, а потоа ги преработувал и произведувал чоколадни пити за продажба.
М.К.на 28 март од З.А. купил 13 пити црно чоколадо, завиткано во најлонска фолија со вкупна тежина од 231.03 килограми, четири вреќи со рефус бискоти со натпис ,,Винчини“ со вкупна тежина од 67.6 килограми и пет вреќи рефус чајни колачиња со вкупна тежина од 108.03 килограми, со намера да ги пушти во промет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст