| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто принцезата Шарлот и принцот Џорџ секогаш носат старомодна облека?

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот, секогаш кога ќе се појават во јавноста, привлекуваат внимание со својот изглед. Но, најмладите членови на британското кралско семејство секогаш носат прилично старомодна облека.

На последното појавување во јавноста, на 91. роденден на нивната прабаба, кралицата Елизабета, Џорџ и Шарлот беа облечени во преслатка облека. Шарлот носеше класична розово-бел фустан, а Џорџ пантолони со трегери и бела кошулка. Многумина забележаа дека мајката, Кејт Мидлтон за своите деца, за официјални прилики ги облекува во сличен стил.

Освен што на тој начин се одржува формалност на пригодата, дизајнерката на детска облека Рејчел Рилеј, која креира облека за принцот Џорџ, истакнува дека децата се облекуваат старомодно за да изгледаат безвременски на фотографиите.

– Облеката која ја дизајнирам изгледа така бидејќи ако дете носи едноставна облека, тогаш тоа е во прв план, а не она што го носи на себе. Со одбирање на традиционална облека се брише факторот време на фотографиите, бидејќи тие изгледаат безвременски – тврди Рејчел.

Според неа, Кејт и Вилијам сакаат своите деца да ги облекуваат во облека која е класична и безвеменска, а не во облека која привлекува внимание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top