Премиерите на Естонија, на Бугарија и на Австрија ја претставија 18-месечната програма за претседателствувањето со Советот на Европска унија, изјави министерката за бугарското претседателствување на Советот, Лилјана Павлова.
– Има пет приоритети: економски развој и пораст, безбедност и миграција, економска и енергетска унија, климатските промени и Европа како глобален играч на светската сцена – наведе Павлова, јави БТА.
Таа додаде дека тројцата премиери разговарале за приоритетите и изразиле јасна волја дека работат како партнери во духот на изнаоѓање на баланс, консензус и единство за сите важни прашања.
– Треба да ги обединиме напорите, посебно во однос на безбедноста, миграцијата и ситуацијата во Западен Балкан – истакна Павлова.
Естонија ќе претседава со ЕУ од први јули, од први јануари 2018 – Бугарија, а во јули в година претседателствувањето го презема Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.