| четврток, 6 декември 2018 |

Јовановска, потенцијалната директорка на ГАК, за време на боледување шета во кафеани (фото)

фотографија од 8 мај годинава – Заева и Јовановска

Повикувајќи се на извори од здравство, медиумите блиски до социјалдемократите во земјава, објавија дека се очекува смена на директорката на Клиниката за гинекологија Марија Хаџи-Лега. За нејзина заменичка веќе се споменува името на докторката Викторија Јовановска. Веќе низ ходниците се шпекулира и негодува за поставувањето на д-р Јовановска.

Докторите почнаа со негодување околу доаѓањето на д-р Јовановска на оваа позиција. Тие коментираат дека пред речиси два месеци, односно на почетокот на мај Јовановска не доаѓала на работа поради отворено боледување. Но иако не била на работа, „болеста“ не ја спречила да оди по кафеани.

-Јовановска се водеше дека е на боледување. Нејзиното боледување започна на 3 мај годинава. Нејзините дежурства ги покриваа колеги, бидејќи таа беше болна. Но во истиот период на фејсбук се појавија фотографии на кои таа седи во кафеана со повеќе жени, меѓу кои и сопругата на Зоран Заев, Зорица Заева. Се зборуваше дека била на прослава на роденденот на Заева – коментираат вработени на ГАК.

Иако на 13 мај требало да биде дежурна таа не дошла на работа поради тоа што била на боледување. Ја менувал доктор Јовчевски.

-Во периодот од 3 мај, до некаде 15 мај, додека таа беше на боледување, Јовановска имаше две дежурства. Едното на 4 мај, другото на 12 мај. Но колегите беа приморани да ја менуваат, таа не беше на ртабота под изговор дека е болна. Болна е од 3 мај, на 8 мај се фотографира во кафеани, а на 13 мај повторно е болна и не може да дежура. Односно боледувањето и траеше некаде до 15 мај. Се бараа замени, иако имаше. Тоа предизвика револт кај колегите – болна е, а шета по кафеани – велат извори од ГАК.

Ова дополнително покрена коментари за смената на директори која ја прават социјалдемократите. Блиската пријателка на сопругата на Зоран Заев ќе биде поставена за директорка на ГАК.

-Кланот Заеви става рака и врз здравството – коментираат докторите.

Спменувањето на името на Јовановска како можна директорка на ГАК покрена низа реакции.

Доктор Јовановска не е ниту доктор на науки, ниту субцпецијалист. Нејзиното поставување изненади многумина. Се зборува дека нејзиното блиско пријателство со гинекологот Марјан Стојовски има големо влијание на поставувањето на Јовановска. Стојовски,беше директор на Клиниката за гинекологија и акушерство во времето на СДСМ и раководител на операционите сали. Тој сега е осуден е на две години затвор за примање поткуп – велат извори од ГАК.

Пријателката на Стојовски нова директорка на ГАК?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top