| четврток, 6 декември 2018 |

Страшна сообраќајка: Детето им почина на лице место, но тие уште не знаат за трагедијата

Милош Макша загина во страшна сообраќајка кај Софија, а неговите сопатници, неговите родители и братот, се тешко повредени, лежат во кома во болница и не знаат дека го загубиле синот и братот.

Тринаесетгодишниот Милош за жал починал на лице место на несреќата, која се случила откако на неговиот татко му се слошило, па загубил контрола, преминал во спротивна лента и директно удрил во автомобил.

Повреден е и петгодишниот брат на Милош, неговата мајка и татко, а сведоците велат дека веднаш притрчале да помогнат, но на тинејџерот му немало спас. Автомобилот на семејството удрил во БМВ во кое имало тричлено бугарско семејство.

Семејството кое е во кома не знае дека останало без синот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top