Зоран Заев има обврска пред граѓаните да ги исполни ветувањата за транспарентно и инклузивно работење, особено кога станува збор за прашања кои се од најголем национален интерес. Никој во земјава не знае што точно договорил Заев во Софија, а веќе најави дека договорот ќе бил потпишан на 2-ри Август, откако ќе се усогласеле уште некои ситници, истакна Зоран Илиоски на денешната прес-конференција која интегрално ја пренесуваме.
Народот за ваквото однесување вели „после свадба тапани“. За што би се дебатирало откако Заев ќе ги договори сите детали?
Дали е точно дека Зоран Заев договорил да се менуваат учебниците по историја? Во чие име го договорил тоа? Со кого Зоран Заев се консултирал за да ја менува историјата? Што ќе се менува во учебниците и чија историја ќе учиме?
Овие прашања го вознемируваат македонскиот народ. Овие прашања заслужуваат одговор.
На кој јазик ќе се потпише договорот со Бугарија и дали Бугарија ќе го признае Македонскиот јазик и Македонскиот народ? Дали ќе стои во договорот дека Македонија има своја, автохтона историја? Дали во договорот ќе има реципроцитет во однос на обврските на двете страни ?
Градењето на добрососедски односи не подразбира рушење на сопствените државни и национални интереси. За жал Зоран Заев продолжува да манифестира основно непочитување кон сопствениот народ јазик и историја.
Впрочем како поинаку да се толкува скандалозната изјава на Зоран Заев дека треба целосно да се редефинираат учебниците по историја кои биле креирани од генерации историчари во Македонија. Оваа изјава преставува погазување на вистината, погазување на илјадници судбини и погазување на трудовите и целокупната научна дејност.
Со кој аргумент Заев ја обвинува сопствената земја дека шири омраза и национализам, па сега тој најавува дека ќе ги затворел тие поглавја. За каков национализам и омраза го обвинува сопствениот народ. Зарем Македонија низ годините наназад покажувала национализам кој на било кој начин ги загрозувал нашите соседи.
ВМРО-ДПМНЕ го повторува ставот дека е за градење на добрососедски односи, врз база на взаемно почитување и зачувување на достоинството и интегритетот на народот и на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст