| четврток, 6 декември 2018 |

Откажани летови поради високa температурa

Повеќе од 40 авионски летови се откажани во Феникс, Аризона, бидејќи температурата во воздухот е превисока за авионите да можат да летаат.

Метеоролозите очекуваат температурата во текот на денот да достигнат до 49 Целзиусови степени.

Температурниот рекорд на сите времиња во Феникс изнесува 50 Целзиусови степени , а e измерен на 26 август 1990 година.

Воздухот на висока температуриа станува поредок, а тоа влијае на силата на авионските крила, што е клучен принцип на аеронаутиката. Тоа значи дека авионите мораат да постигнат поголема брзина и притисок на почвата за да можат да полетаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top