| четврток, 6 декември 2018 |

Жена почина во болницата во Гостивар, телото предадено на обдукција

Синоќа во 23.00 часот во ПС Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека била донесена У.В. (62) од Гостивар, која побарала медицинска помош.

По кратко време пациентката починала.

Од страна на дежурен лекар било констатирано дека У.В. починала од инфаркт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top