| четврток, 6 декември 2018 |

Џевахир комплексот со својата функционалност дава дополнителна вредност на населбата

 

Содржините и клучните објекти играат голема улога при изборот на локација за купување стан. Комплексите во својата суштина и состав имаат дополнителни содржини кои се достапни и за нерезидентните граѓани. Градбите кои се карактеризираат со поголем степен на функционалност нудат голема корист за и граѓаните кои живеат во нивната околина. Пример за ваков објект претставува новиот комплекс на Џевахир скај сити.

Овие објекти ја зголемуваат привлечноста на самата населба и внесуваат позитивна промена во животот на целото соседство. Составен од 4 висококатници и трговски центар кој се простира низ комплексот, ги привлекува и им го олеснува секојдневието на сите жители на околната населба поради тоа што е исполнет со супермаркети, продавници од познати светски брендови и повеќе содржини за одмор, рекреација и релаксација. Доколку до сега моравте да посетите неколку места за да го завршите вашиот неделен шопинг или купувањето на нова гардероба, сега сето тоа е достапно во рамките на овој објект.

Модерните градби како Џевахир скај сити го менуваат изгледот и можат да ја зголемат вредноста на нашите населби. Со изградба на овој комплекс, населбата станува позната како модерна населба со функционални објекти, привлечна за живеење на секого.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top