Маж стар 128 години од Салта во Аргенитна тврди дека тој е Адолф Хитлер лично и дека во последните седум децении ги минал криејќи се.
Во интервјуто за локалните медиуми, натурализираниот германски имигрант објаснува дека во Аргентина стигнал во 1945 година со пасош, наводно фалсификуван, кој го произвел Гестапо по завршувањето на Втората светска војна.
Пасошот гласел на име Херман Гунтерберг, пишува Спутник. Како што вели, одлучил да го прекине долгиот период на криење затоа што во 2016 година, израелската тајна служба Мосад, официјално ја напуштила својата политика во потрага за нацистички воени злосторници. „Хитлер“, додава и дека има намера да својата автобиографија ја објави во септември и го „врати“ својот јавен имиџ.
„Ме обвинуваат за бројни злочини кои никогаш не сум ги сторил. Поради тоа морам да помина, повеќе од половина од својот живот во криење од Евреите, така да веќе ја отслужив својата казна. Ме прикажуваат како лошото момче кое ја изгуби војната. Кога луѓето ќе ја прочитаат мојата страна на приказната, тоа ќе го промени начинот на кој ме доживуваат“, вели Гунтерберг кој тврди дека е Хитлер.
Додека водечките историчари се согласуваат дека Хитлер сторил самоубиство на 30 април 1945 година во бункер во Берлин, некои хроничари сугерираат дека Фирерот можел да побегне во Латинска Америка, како што тоа го сториле многу нацисти на крајот на војната.
Во приказната од Аргентина не верува дури ни неговата 55 годишна сопруга, која како што вели дека шокантното тврдење е производ на деменција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст